Ауди го надмина Мерцедес на глобално ниво
За прв пат во историјата, Ауди (Audi AG) објавија број на продажби на нови возила на светско ниво за првото тромесечје што го надминува бројот на продажби на Мерцедес-Бенз (Mercedes-Benz). Имено за првите три месеци во 2010 Мерцедес објавија 248 500 продажби на нови возила, додека од Ауди објавија бројка од 264 100 возила, што изнесува 25.9% зголемување на продажбите во однос на истиот период минатата година.
Првиот квартал од оваа година 2010, Ауди покрај што го помина бројот на продажби на Мерцедес исто така постави и нов рекорд на компанијата. Од Ауди јавно ги изнесоа нивните цели и планови. Во бројки тоа би било изразено 1.5 милиони продажби на нови автомобили годишно како и освојување на „титулата“ најуспешен производител на луксузни автомобили за 2015 година.
На гобално ниво во категоријата премиум-бренд, во 2009 година Ауди заврши на третото место, позади прво пласираниот БМВ и второпласираниот Мерцедес. Во очекување на БМВ да ги објават своите податоци (најавено е за крајот на овај месец), останува можноста Ауди да остани најпродаваниот бранд во неговиот сегмент на премиум автомобили, но и да не биде така Ауди дефинитивно ќе биде второ рангираниот бренд.
Според анализите на експертите, зголемувањето на продажбите на Ауди делумно се должи и на нивната доминација на кинескиот пазар, каде во првиот квартал Ауди испорачаа 51 449 возила, Мерцедес 24 100, додека БМВ 34 179 нови автомобили.





