RSS Feed

Анкета

Дали ви се допаѓа интернет страната Вози Кола?

Погледни резултати

Loading ... Loading ...

Место за вашата реклама

Bentley Mulsanne – комплетни спецификации на моторот

Бентли МулзенБентли (Bentley) штотуку ги објави техничките детали на моторот на Bentley Mulsanne. Во прашање е монструозниот 6,75 литарски твин-турбо V8 мотор. Бројката од 30 часови потребно за филигранска изработка на овој супериорен агрегат потврдува за каков примерок се работи. Изведени се повеќе од 300 нови модификации и замени на компоненти на претходникот за да се осигура уште поголема сила, економичност и уживање во возењето, што секако е една од главните особини на ова возило покрај бескрајниот луксуз кој го нуди.

Бентли Мулзен

Кога зборуваме за перформанси, 8 цилиндричниот мотор произведува 505 коњи и огромни 1020 Nm на вртежен момент. Тоа овозможува оваа луксузна крстарица да полета од 0 до 100 км/ч за 5,1 секунда и да достигне максимална брзина од 296 км/ч. Чувството е како да се наоѓате во млазен авион при полетување.

Бентли Мулзен
Бентли Мулзен

Она што е многу импресивно за оваа кола е и нејзината маса од 2585 кг и леснотијата со која таа ги носи овие килограми, притоа не трошејќи премногу (за ваква статусна лимузина од светска класа). Со новите промени во работата на моторот, подесувањето на фазата и моментот на активирање на цилиндрите, воведување на нови контролни системи, се постигнало и до 15 процентно намалување на потрошувачката на гориво и штетните издувни гасови, што е секако за пофалба. Бентли Мулзан троши просечно 16,9 литри/100км.

Бентли Мулзен
Бентли Мулзен

По завршувањето на производниот процес, готовиот агрегат се поставува во најмодерна технолошка просторија во која се тестира во најтешки можни услови и под максимално оптеретување. После ова ригорозно испитување, производителот и потрошувачите можат да бидат апсолутно сигурни во способноста и издржливоста на моторот и комплетно да уживаат во оваа луксузна „јахта“ на четири тркала.

1 Звезда2 Звезди3 Звезди4 Звезди5 Звезди (1 гласа, просечно: 3.00 од 5)
Loading ... Loading ...

 

Share