BMW нуди тркачки автомобил за секого!
Од сега сите љубители на тркачки автомобили можат да поседуваат сопствен тркачки автомобил според сите стандарди. Се работи за моделот BMW Z4 GT3 кој може да го купи секој, се разбира секој што има 298 000 евра. Срцето на овај автомобил е М3, 4.0 литарскиот V8 мотор кој произведува 480 коњски сили. Во стандардна опрема спаѓаат сопирачките со анти-блокада, како и спортски гуми и бандаши. Со доплата може да добиете и клима уред бидејќи истиот се нуди како додатна опрема.
Ова тркачко BMW ги исполнува сите стандарди за интернационални и национални натпревари кои што се одвиваат според GT3 правилата, вклучуваќи го и Европскиот шампионатот GT3 на ФИА како и GT Open и ADAC GT Masters натпреварувањата. Исто така BMW Z4 GT3 е соодветно и за сите 24 часовни трки.









