За помош на жртвите во Хаити понудено на аукција Ferrari 458
Светски водечката компанија за супер спортски луксузни коли Ферари, го понуди првото Ферари 458 за американски пазар на аукција, со цел да се соберат средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Хаити. Домаќините на аукцијата, заменик директорот Пиеро Ферари (Piero Ferrari) син на основачот Енцо Ферари (Enzo Ferrari), Амедео Фелиса извршниот директор на Ферари, како и ново назначениот извршен директор на Ферари за Северна Америка Марко Матиаци (Marco Mattiacci), успееја во една приватна резиденција во Калифорнија да соберат 500 наддавачи за преубавото Ферари 458 Италија (Ferrari 458 Italia).
На аукцијата Ферарито достигна цена од 601 000 американски долари. Од Ферари овие средства ќе ги донираат за жртвите од Хаити преку повеќе фондации меѓу кои и фондацијата основана од поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.
Предходно и Лотус (Lotus ) во соработка со супер моделот Наоми Кемпбел (Naomi Campbell) исто така понудија на аукција осум модели на посебното издание на Лотус Евора, за настраданите во Хаити. На оваа аукција наречена „Наоми за Хаити“ беа собрани 1.4 милиони евра.
Донирањето на супер спортски автомобили односно нивно ставање на аукција за добротворни цели стана тренд откако во 2009 година Ферари го понудија нивниот модел Ферари Ф430 на аукција за настраданите во замјотресот што ја зафати Италија при што и тогаш успееја да соберат значителна сума за настраданите.






















