RSS Feed

Анкета

Дали ви се допаѓа интернет страната Вози Кола?

Погледни резултати

Loading ... Loading ...

Место за вашата реклама

Ferrari 599 GTO: официјални фотографии и спецификации

2011 Ферари ГТО 599 Откако во јавноста „протекоа“ неофицијални информации како и фотографии од новиот Ферари 599, од Ферари побрзаа со објавување на официјалните фотографии како и комплетните детали и спецификации за новиот Ферари 599 ГТО.
Првиот Ferrari GTO што значи „ Gran Turismo Omologato“ е произведен 1962, а произведени се само 36 примероци. Сите клиенти морале лично да бидат одобрени од Енцо Ферари.
И новиот Ферари кој ќе ја носи ознаката GTO ќе биде произведен во лимитирана серија од 599 примероци за клиенти кои преферираат пред се моќни перформанси.

2011 Ферари ГТО 599

Според произведителот овај супер спортски автомобил под хаубата го крие истиот мотор со 5999 кубни сантиметри, V12 мотор, поставен под агол од 65 степени како и кај 599 GTB, но со можност да испорача 670 коњски сили при 8250 вртежи во минута како и 620 Nm при 6500 вртежи во минута. Во овај спортски автомобил се употребени најнапредните новитети како од Формула 1 болидот на Судерија Ферари, така и останатите напредни патенти. Тука ќе го спомнеме F1-Trac traction control дирекно земен од болидот на Ферари. Потоа, последната генерација на Magnetorheological Suspension Control System (SCM2), систем за прв пат претставен од General Motors, но стана познат откако Ауди го примени во ТТ и R8 и секако Ферари во нивниот модел Ferrari 599 GTB. Овај систем е посебно интересен затоа што нема мали подвижни делови, туку суспензијата се заснова на посебна така наречена „паметна“ мегнетна течност која реагира на магнетните полиња.

2011 Ферари ГТО 599
2011 Ферари ГТО 599

Новиот Ferrari 599 GTO е во можност да постигне од 0 – 100 км/ч за само 3.3 секунди, додека максималната брзина според производителот е над 335 км/ч.
Од Ферари сериозно работеле и на зголемување на аеродинамичноста на Ferrari 599 GTO. Од Ферари велат дека новиот преден спољер вклучува и посебно долно крило кое што ја зголемува силата која го прицврстува Ферарито на патот истовремено зголемуваќи го протокот на воздух за разладување на маслото во радиаторот.

Имаќи ги во предвид сите карактеристики на Ferrari 599 GTO воопшто не изненадува податокот дека новото Ферари има постигнато време од 1 минута и 24 секунди на тест патеката Фиорано во близина на Маранело, што е дури за една секунда подобро од времето поставено од Enzo Ferrari и за само 1 стотинка послабо од времето постигнато од рекордерот на патеката, Ferrari 430 Scuderia постигнато во 2007 година.

Покрај изворедната сила за „полетување“ ова Ферари има и нов полесен систем за сопирање така наречен CCM2, на кој што, при брзина од 100 км/ч потребно му е само 32.5 метри за целосно да го сопри Ferrari 599 GTO.

2011 Ферари ГТО 599

Внатрешноста е дизајнирана на возачот да му овозможи максимално да се препушти на перформансите, со команди кои обезбедуваат апсолутна ефикасност без притоа да му го нарушат вниманието на возачот.
Покрај различните подесувања за начинот на кој ова Ферари ќе се однесува на патот кои му даваат на возачот целосната контрола, вредни за спомнување се и новите подолги карбон фибер Формула 1 педали кои што се полесни за употреба при големи брзини како и системот Virtual Race Engineer, кој што целосно го набљудува автомобилот и дава моментални информации за перформансите на возилото.

1 Звезда2 Звезди3 Звезди4 Звезди5 Звезди (1 гласа, просечно: 5.00 од 5)
Loading ... Loading ...

 

Share