Се ближи почетокот на новата сезона од Формула 1
Најголемата вест за новата сезона во Формула 1 е враќањето на Михаил Шумахер; според последните тестирања дури 6 тимови имаат слични резултати односно ќе бидат конкурентни за шампионската титула, но овој пат покрај борбата меѓу тимовите се очекува најмалку 3 тимски колеги да се спротистават еден против друг во борба за шампионската титула!
Михаил Шумахер и Рос Броун е познат тандем во Формула 1, за кој нема сомневање дека функционира на највисоко можно ниво. Тимскиот колега на Шумахер, младиот Нико Розберг покажа дека е меѓу најквалитетните возачи во Формула 1 и тврди дека нема да има никаков респект према Михаил Шумахер и дека на патеката ќе се однесува исто како и кон другите возачи.
Тука е Фернандо Алонсо кој долго време изјавуваше дека негов сон е да вози и освои шампионска титула со Ферари. Неговиот сон да вози за Ферари се оствари, но дали ќе се оствари во целост со освојувањето на титулата е уште една причина повеќе за нетрпеливо да го чекаме почетокот на новата сезона. Фелипе Маса после тешкиот инцидент на патеката Хунгароринг успешно се врати на патеките изјавуваќи и покрај тоа што Алонсо е поранешен светски првак дека нема намера да биде втор возач во Ферари!
Последните двајца светски шампиони во Формула 1, Џејсон Батон и Луис Хамилтон сигурно ќе дадат се од себе прво еден против друг, а и против сите останати возачи. Аналитичарите даваат мала предност за Хамилтон со оглед на тоа што е подолго време во тимот на МекЛарен, за разлика од Џејсон Батон кој годинава за прв ќе дебитира за тимот на МекЛарен. Тоа што сите тврдат дека дека направил голема грешка што потпишал за екипата на МекЛарен и се нашол во „дупката на лавот“, според Батон е мотив повеќе да ги негира сите.
Сопственикот на Red Bull, Dietrich Mateschitz, уште пред почетокот на сезоната им стави на знаење на неговите возачи Себастијан Ветел и Марк Вебер дека нема да прифати ништо помалку од освојување на шампионската титула на еден од нив.
Оваа сезона има само мали измени на правилата, а најзначајна промена е казната за повторно полнење на гориво. Тоа ги обврза тимовите да развијат подолги болиди со резервоари до 160 литри, за разлика од предходно кога максималниот капацитет на резервоарите беше до 80 литри. Друга значајна промена е новиот бодовен систем, кој ќе ги бодува првите 10 места и тоа со: 25-18-15-12-10-8-6-4-2 и 1 бод за десеттото место.
Чекањето е речиси готово, остануваат уште помалку од 6 дена до првиот официјален тренинг. Првата трка оваа година ќе биде во BAHRAIN на 14 Март 2010!













