RSS Feed

Анкета

Дали ви се допаѓа интернет страната Вози Кола?

Погледни резултати

Loading ... Loading ...

Место за вашата реклама

Hummer H2 Bomber, теренец и за најекстремни услови

Hummer H2 Bomber - GeigerCarsЕве како изгледа америчкиот Хамер (Hummer H2) во изведба на германците GeigerCars.de. Тркалата на овај Хамер Х2 се заменети со гасеници налик на оние на тенковите, наречени Матракс, со цел да се зголеми употребата на овај теренец и како што велат специјалистите од Минхен да се обезбеди одлично движење на било како терен.

Целта на создавањето на едно вакво возило односно неговата функција создавачите ја гледаат во агрокултурата каде ниту тракторите не можат да се движат, планинските недостапни патишта за сите останати теренци, возило за разни експедиции на секакви терени како и возило за итна помош на непристапен терен.

Хамер Х2
Хамер Х2

Модификациите кои се направини на овај Хамер според германците овозможуваат да се искачува и на најекстремните угорнини без пот. За тоа секако значајна улога има и 8 цилиндричниот мотор со 398 коњски сили како и одличните 574Nm.

Сите кои што имале можност да го тестираат ова возило тврдат дека уште од првите изминати километри биле заробени во нова димензија на забава.

Хамер Х2
Хамер Х2

Внатрешноста на ова возило е луксузно опремена. Тука ќе го споменеме сончевиот покрив, навигациониот систем со DVD од Кенвуд (Kenwood), мониор кој се спушта од кровот, монитор вграден во ретровизорот кој пренесува се она што регистрира камерата поставена позади. Значи целосно е опремен со се она што на еден замјоделец би му затребало. На барање на купувачот може овај Хамер да се испорача и со економичниот LPG систем на плин.
Единствено не ни е јасно каква функција има разервното тркало кое стандардно се наоѓа прикачено позади.

1 Звезда2 Звезди3 Звезди4 Звезди5 Звезди (2 гласа, просечно: 5.00 од 5)
Loading ... Loading ...

 

Share