Hyundai i-flow, концепт кој измамува воздишки
Концепт автомобилите секогаш го привлекувале главното внимание на посетителите на автомобилските саеми. Еден таков концепт кој предизвикува воздишки на саемот во Женева е секако импресивниот Hyundai i-Flow, концептот познат и под името HED7.
Овај дизајн е роден во европскиот дизајн центар на Hyundai лоциран во Германија, поточно во Russelsheim styling studio и е седми по ред концепт дизајн што ова дизајнерско студио го има изработено.
Распрашувајќи се за Hyundai i-Flow концептот дојдовме до една многу интересна информација. Имено, првата импресија која што се добива гледајќи го овај автомобил е неговата агресивност, машкост, атлетско тело кое делува како лав во акција. Но сепак инспирацијата и главните линии кои преовладуваат на овај автомобил се земени од нешто сосема споротивно, нежно и еротско. Се работи за линиите и облините на женското тело.
Овие елегантни линии не само што формираат еден апсолутно снажен и футуристички изглед, но исто така придонесуваат за одлична аеродинамичност што резултира со намалена потрошувачка на гориво, и тоа само 3 литри на 100 км, како и со намалување на издувните гасови и штетниот CO2 на само 85гр/км. Првиот хибриден дезел мотор од Hyundai е исто така клучен фактор за создавањето на овај пријателски настроен автомобил кон околината.
Според Thomas Buerkle главниот дизајнер на Hyundai Motor во Европа, чуството за брзина и фокусот на аеродинамичноста се зголемуваат со стаклениот покрив, кој е полупрозирен и е изработен од обоени и чуствителни соларни келии. Овие храбри и рафинирани детали што ја придружуваат целокупната појава на i-flow претставуваат една напредна филозофија на флуидна скулптура на Hyundai. – изјавува Thomas Buerkle.















