Куќа од соништата со Ламборџини во дневната соба
„Сакам гаража за 9 коли и да можам да уживам гледајќи една кола во дневната соба.“ Точно вака гласела желбата на еден клиент на јапонскиот архитект Takuya Tsuchida, кој што му ја исполнил желбата креирајќи му ја куќата од соништата.
Како што можете да приметите од фотографиите, домот на овај пасиониран љубител на автомобили кој се наоѓа во Токио, вклучува платформа која што може да се подига и спушта кога ќе посака домаќинот и ви го носи омилениот автомобил во дневната соба.
Иако ова изгледа помалку лудо повеќе би сакале да го користиме зборот ексцентрично. Сепак доколку би имале Ламборџини и ние не би сакале да се одвоиме ни за момент.








