RSS Feed

Анкета

Дали ви се допаѓа интернет страната Вози Кола?

Погледни резултати

Loading ... Loading ...

Место за вашата реклама

Намалена продажбата на нови автомобили во Македонија

Статистички приказИмпортерите на возила во Македонија ги објавија бројките од продажбата на нови возила. Овие бројки не се така оптимистички и покажуваат дека се случило голем пад на продажбата на нови возила; падот на продажбата во првите два месеци споредено со лани е 24%, додека споредено со 2008 како многу успешна продажна година падот изнесува дури 52%.
Според застапниците во Македонија, овие бројки делумно се резултат на новите мерки кои ги донесе владата со кои се намалија акцизите за увоз на половни возила и се дозволи увоз на возила постари и од 15 години, а делумно како резултат на општата светска економска криза.
Со новите пакет мерки на владата, драстично се намали цената на увоз за возилата со зафатнина на моторот од 1500 до 2000 см3, односно тоа во просек би било некаде од 800 до 1500 евра.
Импортерите на нови возила се надеваат дека овој негативен тренд на продажба ќе престане во наредните месеци. Тие остро реагираа на оваа одлука на владата, потенцирајќи дека Македонија ќе се претвори во отпад на половни возила, а граѓаните не се свесни колку чини одржувањето на едно половно возило во поодминати години.

Во продолжение ја пресенуваме изјавата на Златко Калеников, претседателот на Сојузот на Стопански Комори на Македонија:

Mile Janakieski i Zlatko Kalenikov

“Сите тие што ќе купат стари автомобили, кога ќе ги согледаат во првата година трошоците за нивното одржување, ќе ги остават кај нас, во нашиот систем старо за ново” кај секој импортер. Тоа значи дека новиот автомобил има годишна рата на отплата, колку што стариот автомобил половен, што се увезува има сервиси, бидејќи тие автомобили што се увезуваат се од западно-европски пазари и дај боже да се од западно-европски и нивните километражи таму меѓу 40 и 80 илјади километри годишно”, вели Златко Калеников.

1 Звезда2 Звезди3 Звезди4 Звезди5 Звезди (1 гласа, просечно: 5.00 од 5)
Loading ... Loading ...

 

Share