Opel и Vauxhall работат на „iPod автомобил“
Поради зголемената побарувачка на мали, трендовски автомобили, Опел и Воксхал (Opel, Vauxhall), насочени се кон создавање на еден таков мини автомобил, кој планираат да биде тренд во категоријата на малечки автомобили.
Во интервјуто дадено на саемот за автомобили во Женева на директорот на продажба и маркетинг Ален Висер (Alain Visser) рече: „Команијата сака ова возило да биде готово за 24 месеци.“ Исто така Ален Висер спомна дека ова возило нема да биде конкуренција ниту пак замена за Корсата туку ќе биде поставено под Корсата и дека во рамките на компанијата ова возило го нарекуваат „iPod на тркала“.
Последниот месец, извршниот директор на Опел, Ник Рејли (Opel CEO, Nick Reilly) рече дека Опел ќе инвестираат 11 милијарди евра во наредните 5 години да ја збогатат „напредната автомобилска технологија“ и да понудат „свежо и возбудливо автомобилско портфолио.“
Една до две години од промовирањето на ова „iPod мини автомобилче,“ компанијата планира да понуди и електрична верзија на истото.














