RSS Feed

Анкета

Дали ви се допаѓа интернет страната Вози Кола?

Погледни резултати

Loading ... Loading ...

Место за вашата реклама

Рено ќе понуди GT верзија за Меган моделите

Renault Megan GT LineЛинијата на Рено Меган ќе се засили со уште еден верзија. Рено Меган изведбите: Купе, Спорт Туриер, Компакт, Купе-Кабриолет на пазарот Рено ќе ги понуди и во ГТ (GT) верзија се разбира во изведба на Реноспорт (Renaultsport), специјалниот оддел во Рено задолжен за спортските изведби.

Renault Megan GT Line
Renault Megan GT Line

Љубителите на Рено Меган ГТ верзиите ќе имаат можност да бираат помеѓу два моќни мотори, бензинецот TCe 180 како и дизелот dCi 160. Покрај одличните мотори Реноспорт се погрижиле и за комплетна спортска трансформација на Меганот што вклучува спортска шасија со посебни подесувања, нови браници, 17 инчни бандажи, спортски седишта, спортски волан, алуминиумски педали, темен ентериер со светли полирани карбонски детали, задни паркинг сензори и други додатоци.

Renault Megan GT Line
Renault Megan GT Line

Интересна е опцијата за тие што не сакаат толку моќни мотори, но сакаат нивниот Меган да има ГТ изглед. Рено ќе нуди можност Рено Меган да го добиете со послаб односно стандарден мотор, но со сите придружни спортски додатоци на Реноспорт за ГТ линијата.

1 Звезда2 Звезди3 Звезди4 Звезди5 Звезди (Гласајте први)
Loading ... Loading ...

 

Share