Ви го претставуваме новиот Rolls Royce Ghost 2010
Новиот Rolls-Royce Ghost (Ролс-Ројс Гост) успеа да ја добие престижната награда црвена точка (red dot: best of the best) за необично високиот квалитет на изработка и револуционерен дизајн. Новиот автомобил на Rolls-Royce поседува оригинален карактер изразен со ексклузивната непогрешива опипливост. Се истакнуваат класичните вредности на брендот во модерниот стил на 21-от век.
Кога зборуваме за престижната награда, шефот на дизајн Јан Камерун целосно ги префрли пофалбите и заслугите на неговиот дизајнерски тим, заслужен за овој оригинален луксузен автомобил. “Како дизајнер можам да кажам дека предизвикот е во моментот кога треба идеите да се преточат во медиум, односно во готов автомобил, кој другите ќе можат да го видат, допрат и почувствуваат. Ние сме горди со тоа што го постигнавме со овој модел на Ролс-Ројс и ја освоивме оваа престижна награда.”
Линиите на надворешниот дизајн се инспирирани од индустријата на јахти. Долги, непрекинати мазни површини течат помеѓу филигрански изработените хоризонтални линии и го дефинираат луксузниот и супериорен карактер на ова возило. Снажните рамена и бедра моќно се истакнуваат на долгата фигура. Искористени се класични дизајнерски елементи на Rolls-Royce, како што се долга хауба, издолжен клун и елегантен заоблен заден дел.
Современи стилски додатоци се видливи насекаде, вклучувајќи го централниот дел на воланот и ксенонските светла кои ја опкружуваат последната генерација на предна маска на ладилникот, карактеристична за овој бренд. Се сакало да се постигне изглед на млазен авион кој е спремен за полетување и да се истакне и да се истакнат и динамичките квалитети на новиот Rolls-Royce Ghost.
Престижната награда: red dot award, е една од најзначајните во светот на дизајнот. За прв пат беше доделена во далечната 1955 година и претставува признание и престиж во дизајнерската индустрија. Се доделува не само на автомобили, туку и за архитектура, ентериер, бела техника и електроника за домот, како и во модната индустрија, медицината и воопшто науката. И претходни модели на Ролс-Ројс ја добиле оваа престижна награда. Rolls-Royce Phantom Drophead Coupe ја доби оваа награда во 2008 година.






















