Seat IBE Concept ќе стане реалност
Според последните информации фасцинантната електрична изведба на Сеат ИБЕ Концепт (Seat IBE Concept), која што беше презентирана на авто-мото саемот во Женева има изгледни шанси да доживее сериско производство.
Како што некои светски медиуми информираа повикуваќи се на внатрешни извори од СЕАТ, моделот на Сеат, ИБЕ бил дел од сериозна програма за „електрификација“ на шпанската автомобилска индустрија. Сепак овај модел ќе се произведува и во бензиско-хибридна верзија, платформа која ќе биде земена од следната генерација на Голф (VW Golf).











