Со Алфа Ромео Брера во лов на луѓе со стил! (Видео)
Фоско Џулианели (Fosco Giulianelli) кого италијанците го нарекуваат гуру за пронаоѓање стил на улиците, креаторот на The Fashionist решил да го прави она за што е најдобар, да пронаоѓа и фотографира случајни минувачи по улиците, но не било кого туку луѓе за кои смета дека имаа уникатен стил! Иако тој и до сега го правеше тоа во Италија, големата идеа што ја добил е тоа да го прави по сите поголеми Европски градови и тоа овај пат да тргне во лов по улиците со Алфа Ромео Брера. Проектот е наречен The Style Roads, но со оглед на тоа што Фоско патува со преубавата Алфа Брера немало да биде грешка и доколку проектот бил наречен On The Roads with Style!
Очигледно дека на челниците од Алфа Ромео им се допаднала идејата поради што и застанале позади овој проект, а Фоско за овај потфат ја добива и ексклузивната, супер моќна верзија на Алфа Ромео Брера наречена Independent Italia, која е произведена во само 90 примероци! Моделот Brera е дизајниран лично од славниот италијански дизајнер Giorgetto Giugiaro, а името Брера го добива по Миланската академија на уметности Брера, (Accademia di Belle Arti di Brera), многу веројатно затоа што и самата Алфа Ромео Брера претставува уметничко дело.
Проектот е замислен во повеќе фази. Првата фаза заврши на самиот крај од изминатата 2009 година, при што Фоско посети 7 европски градови и тоа: Милано, Цирих, Париз, Лондон, Антверпен, Берлин и Столкхолм. Сите фотографии и видеа можат да се видат на сајтот: www.alfabrera-i-i.com, а благодарение на Google maps прикажани се и точните локации на кои се направени фотографиите.
Наскоро се очекува да започне и втората фаза од проектот во која што се надеваме дека ќе изостане Скопје иако убедени сме дека тука ќе најде најмногу материјал за фотографирање. Сепак од жал за убавата Брера посетата на Скопје се надеваме дека нема да се случи пред најавениот препород на нашиот главен град во 2014 година.




















(2 гласа, просечно: 4.50 од 5)
