RSS Feed

Анкета

Дали ви се допаѓа интернет страната Вози Кола?

Погледни резултати

Loading ... Loading ...

Место за вашата реклама

Новиот Volkswagen Touareg за 2011

VW TouaregVolkswagen премиерно го претстави новиот Туарег за сезоната 2011 на 80-то издание на Женевскиот Саем за автомобили. Овој модел од производителот е опишан како технички најиновативниот модел кој Фолксваген воопшто го произвел до денес. Една од основните промени кај новиот Туарег е тоа што масата е намалена за 208 колиграми, но автомобилот како целина е уште поцврст и посигурен. Сите модели ќе бидат опремени со 8-степенска автоматика која работи глатко и помага во намалувањето на потрошувачката на гориво и издувните гасови.

VW
Volkswagen SUV 2011

Друга стандардна карактеристика е 4Motion All-Wheel-Drive системот, односно погонот на сите 4 тркала со Торсен диференцијал, кој му овозможува на Туарег да се искачува на успон од 31 степен.

Volkswagen Touareg
Volkswagen Touareg

Моторите кои се понудени се следните:

  • V6 TDI развива 240 коњски сили и 550Nm обртен момент. Просечната потрошувачка е 1,9 литри помалку од претходниот модел и изнесува 7,4 л/100км а количината на штетни издувни гасови изнесува 195г/км
  • 4.2 V8 TDI го заменува досегашниот V10 TDI. Развива 340кс и 800Nm и успева да потроши само 9,1л/100км, што за мотор со вакви димензии и сила е одлично. Овој мотор ќе биде достапен само во Европа и Азија.
  • За прв пат е представен Хибриден Туарег кој е придвижуван од V6 TSI турбо-бензински мотор кој е способен да развие моќност од 333кс и 580Nm. Кога работат и двата мотори заедно моќноста расте на 380кс.

Во стандардна опрема покрај другото е вклучено и далечинско отворање на товарниот простор, (Side Assist Warning System) – систем за предупредување при промена на лента и Adaptive Cruise Control.

Volkswagen Touareg 2011

Volkswagen Touareg 2011
Volkswagen Touareg 2011

Во целина новиот Туарег на прв поглед губи делумно од својата груба сурова сила, но за тоа надокнадува со доза на спортска елеганција и урбан стил. Значи пред нас е уште еден SUV модел кој покрај одличните перформанси во град и на автопат, има и завидни својства за излет на нерамен терен, секако со соодветни теренски гуми.
Внатрешноста е футуристичка и не можe, а да не споменe дека потсетува на кокпитот на луксузен приватен авион, особено моделите со највисоко ниво на опрема.

Volkswagen Touareg 2011
Volkswagen Touareg 2011

Уживајте во сликите и замислете го Туарег како ваш нов лимен љубимец.

1 Звезда2 Звезди3 Звезди4 Звезди5 Звезди (2 гласа, просечно: 5.00 од 5)
Loading ... Loading ...

 

Share